Connect with us

Фудбал

„Сите први полувремиња во квалификациите ни се слаби“, рече полсиот селектор по завршување на натпреварот

По завршувањето на натпреварот Македонија – Полска, на прес конференција полскиот селектор истакна дека сите први полувремиња во досегашните одиграни натпревари во рамки на квалификациите за ЕП 2020 година им биле слаби.

„Добивме три натпревари, веќе имаме девет бодови, но може многу подобро, Сите наши први полувремиња ни беа послаби во овие квалификации. Кога резервистите добиваат шанса, внесуваат свежина и нива енергија во играта“, рече Јержи Бржечек.