Connect with us

Фудбал

Ристовски со повреда на листот – проблем за Македонија пред Австрија

Десната бековска позиција, Стефан Ристовски на синоќешниот натпревар против Полска се повреди, по што излезе од игра.

Селекторот, Игор Ангеловски по натпреварот рече дека поромената во текот на играта била принудна.

„Единствено замената со Стефан Ристовски беше принудна, бидејќи Стефан се пожали на повреда на листот“, изјави Ангеловски по натпреварот.

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз во квалификациите за ЕП, откако пред својата публика со минимални 0-1 беше поразена од фаворизираната Полска.