Connect with us

Фудбал

Реал утре го претставува Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид веќе го официјализираше трансферот на Лука Јовиќ, но поради репрезентативните обврски српскиот напаѓач се уште не е официјално претставен во Мадрид.

По тој повод „кралевите“ денеска се огласија на клупскиот сајт и потврдија дека промоцијата на Јовиќ е закажана за утре, со почеток во 13 часот во ВИП-салата на стадионот.

Веднаш потоа, Јовиќ ќе излезе на теренот на „Сантиаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид и ќе го има првиот контакт со новите навивачи.

Јовиќ зад себе има феноменална сезона во Ајнтрахт Франкфурт, за него силен интерес покажаа многу европски гиганти, но „кралевите“ ја победија конкуренцијата.

Извор: Sportski.mk