Фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Ракитиќ
Тоа би бил тежок удар за клубот бидејќи ќе мора да најде адекватни замени во момент кога клубот не настапува во Лигата на шампионите.
Каталонски Спорт тврди дека Црвените ѓаволи воспоставиле иницијални контакти со Барселона во врска со доведувањето на Иван Ракитиќ.
На Камп Ноу пристигна Френки де Јонг, па позицијата на Хрватот е мошне несигурна во овој момент, со оглед на тоа дека и Артур се покажа како одличен играч за Каталонците.
Договорот би можел да биде постигнат за 60 милиони евра, што за Јунајтед не би требало да претставува проблем, меѓутоа се поставува прашањето дали 31-годишниот фудбалер сака да се пресели на Олд Трафор со оглед на тоа дека нема да се натпреварува во ЛШ следната сезона.