Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо го напушта и Јувентус?!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо на своја адреса добил понуда од тимот кој го вивна во фудбалскиот свет, Спортинг Лисабон.

Имено, на адреса на Португалецот пристигнала понуда, неговиот син, Кристијано Роналдо Жуниор да се пресели во младинските категории на Спортинг Лисабон.

Португалскиот клуб е познат по одличната работа со младите играчи, а тоа му е многу добро познато и на Кристијано Роналдо. Фудбалерот на Јувентус ќе мора сериозно да размилси дали ќе го пушти својот син да живее одвоен живот од него со цел да се усовршува во академијата на Спортинг или ќе се реши да го остави во Јувентус каде е еден од најдобрите фудбалери.

Според видеата кои излегуваат на социјалните мрежи, несомнено е дека Кристијано Роналдо Жуниор, или по ново, Кристијанињо има навистина голем фудбалски талент.

Извор: Derbi.mk