Connect with us

Фудбал

Зошто Катар и Јапонија играат на “Копа Америка“

Овогодинешното издание на континенталното првенство на Јужна Америка беше отворено во ноќта помеѓу петок и сабота со натпревар помеѓу домаќинот Бразил и репрезентацијата на Боливија.

Бразил ја реши Боливија со (3:0), а сега љубителите на фудбалот се спремаат за продолжување на возбудувањата, што секогаш може да се очекуваат од јужноамериканскиот фудбал и Копа Америка.

Меѓутоа оние кои во минатото не ја следеле премногу Копа Америка ќе биде изненадени кога ќе дознаат дека на турнирот учествуваат Катар и Јапонија.

Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ) има само десет членки и поради тоа за секо издание на Копа Америка се испраќаат повици до дополнителни репрезентации за форматото на натпреварувањето да биде функционален.

Во 2016 година на Копа Америка играа 16 репрезентации. Повик добија три северонамерикански и три централноамерикански репрезентации, а натпреварувањето се одржа во САД.

Сепак, во мај 2018 година КОНМЕБОЛ одлучи форматот на турнирот да се врати на оној кој се користеше во 1993 година – со 12 репрезентации.
Така за ова издание на Копа Америка повик добија Јапонија и Катар?

Има ли финалето на Азискиот куп некаква врска со учеството на Јапонија и Катар на Копа Америка?

Не…Катар во фианлето на Азискиот куп во 2019 година ја совлада Јапонија со 3:1 и стана континентален шампион, а многумина помислија дека споменатите две репрезентации за Копа Америка на некој начин се квалификуваа со учеството на финалето во првенството на Азија. Меѓутоа тоа не беше случај.

Чиста случајност е што на Копа Америка се повикани репрезентации кои играа финале на последниот Азиски куп.

Инаку, Катар се најде во групата Б со репрезентациите на Аргентина, Колумбија и Паргвај, додека Јапонија ќе ги одмери силите со Уругвај, Чиле и Еквадор во групата Ц.

Треба да се потсети дека Јапонија веќе еднаш играше на Копа Америка и тоа во 1999 година на турнирот во Паргвај. Тогаш Јапонија заврши како последнопласирана во групата во која се наоѓаа уште Паргвај и Боливија.