Фудбал
Никаква преселба во Милано
Швајцарскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Гранит Џака ги демантираше натписите на англиските и италијанските медиуми дека преговара со челниците на Интер. Искусниот играч за врска, кој по потекло е од Косово, експресно ги демантираше тврдењата за наводен негов трансфер во редовите на калчо гигантот.
Пишувале весниците за тоа, но ништо од тоа не е вистина. Тоа се само шпекулации и јас не сум имал никаков контакт со Интер, одговори Џака, демантирајќи ги англиските и италијанските весници кои тврдеа дека тој следната сезона ќе го облече дресот на „нероазурите“.