Connect with us

Ракомет

Абутовиќ се сели кај Филип Талески во Рајн Некар

Левиот бек на РК Вардар, Илија Абутовиќ, одлучи црвено-црниот вардаров дрес да го замени со оној на Рајн-Некар Левен.

Германскиот тим денеска и официјално го промовираше Илија Абутовиќ како ново засилување, кое во овој клуб ќе биде дел од идната натпреварувачка сезона па се до 2021 година.

„Рајн-Некар Левен не само што е најдобар клуб во Германија, туку исто така имаат високи цели за во иднина. Би сакал да го дадам мојот придонес во тоа“, изјави при промоцијата Абутовиќ.