Адријан: Неделава беше луда

Голманот на Ливерпул, Адријан, по победата над Челси во Супер купот на УЕФА, призна дека имал луда недела.

-Ова беше луда недела. Јас сум многу среќен за тимот, среќен што играм за Ливерпул, и среќен за нашите навивачи. Натпреварот беше долг, но со среќен крај за нас, изјави шпанскиот голман.

Адриан минатиот викенд дебитираше за „црвените“, заменувајќи го повредениот Алисон.

Ливерпул синоќа во Истанбул на пенали го совлада Челзи со 5:4, откако по 120 минути натпреварот заврши нерешено 2:2.