Фудбал
Афера во Германија, го купиле за 8 милиони евра, но фудбалерот не е тој од документите?!
Кој е фудбалерот од Конго, дали е воопшто од таму и колку години има. Овие денови се прашуваат во Франција и Германија. Делува бизарно, Силас Вамангитука наводно не е човекот од личните документи кои ги поседува.
„Л’Екип“ тврди дека Вамангитука всушност е Силас Мвумпа Катомпа, кој е една година постар. Тој најнапред од Конго се преселил во Париз, а потоа во германски Штутгарт и тоа за сума од осум милиони евра.
Меѓутоа германскиот тим не се сомнева:
-Силас е многу резервиран, молчелив, работи и воопшто не го интересираат овие приказни, поралуваат од Штутгарт.
Славниот клуб во моментов е дел од втората германска лига, а Африканецот постигна четири голови на 12 мечеви. Намерата на Штутгарт е да се врати во Бундеслигата,