Агентот тврди, Реал Мадрид го сака дефанзивецот од 100 милиони евра

Поранешниот менаџер на Милан Шкриниар, Митат Халис изјави дека Барселона и Реал Мадрид водат битка за дефанзивецот на Интер. Како што вели тој, „Кралевите“ се поблиску до неговиот потпис.

-Шкриниар вреди 100 милиони. Реал Мадрид и Барселона веќе две години водат битка за неговиот потпис. Сепак, Реал е поблиску, изјави Халис.

Шкриниар има 24 години, во моментов е проценет на 60 милиони евра, што не би претставувало проблем за тимовите од Шпанија, но сепак за цената и продажбата се прашува и Интер, бидејќи Словакот има важечки договор со клубот до 2023 година.