Connect with us

Фудбал

Агим Ибраими се врати во Шкендија

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими се врати во Шкендија по повеќе од 12 години. Тој се обврза на двегодишна соработка со македонскиот шампион, со можност за продолжување на договорот.

Ибраими во тетовските „црвнео-црни“ доаѓа како слободен играч, откако одби да го продолжи договорот со словенечки Домжале.

Во Словенија настапуваше и за Марибор, тим со кој освои шест трофеи, четири шампионски во лигата и два во купот.

Има играно и за Каљари, Ред Бул Салцбург, Астана, Нафта Лендава, Олимипја Љубљана, Ескишехирспор.

За Македонија Ибраими одигра 39 натпревари, последниот во 2016 година и постигна седум голови.