Тајмаут
Агуеро ја погледна смртта во очи, направи сообраќајка со Range Rover од 150.000 фунти (ФОТО)
Sвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро беше учесник во лоша сообраќајна несреќа. За 31-годишниот аргентински напаѓач се вели дека нема сериозни повреди, но неговиот Range Rover од 150.000 фунти е тотално уништен.

По судирот со другото возило вклучено во несреќата предното тркало од страна на возачот, во возилото кое беше управувано од Агеро е оштетено. Несреќата се случи додека Аргентинецот патуваше на тренингот со Манчестер Сити.

Ова не е прв пат Агуеро да биде вмешан во драматична автомобилска несреќа. Пред две години, sвездата на „Граѓаните“ ја погледна смртта во очи, но за среќа остана само со скршени ребра. Тогаш се зборуваше дека 31-годишниот напаѓач останал жив блаходарение на појасот.

Агуеро и оваа сообраќајка ја помина со лесни телесни повреде, и не се знае дали ќе биде подготвен уште од прва минута за престојниот натпревар со Кристал Палас, кој се игра овој викенд.