Connect with us

Тајмаут

Агуеро не сакаше да се исфарба плав, но беше принуден да го стори тоа

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро пред неколку недели одлучи да го смени својот имиџ, да исфарба плав.

Напаѓачот на Манчестер Сити ги изненади своите навивачи со одлуката да ја направи својата коса плава, бидејќи е познат по тоа што не сака радикално да го промени својот имиџ. Но, овој пат Агуеро направи чекор понатаму, но на крајот се покажа дека тоа не е неговата идеја.

Агуеро во изјавата за англиските медиуми призна дека никогаш нема да одлучи да направи такво нешто и дека тоа е поради облог. Аргентинецот направи облог со својот брат, кој му рекол дека нема храброст да се смени толку многу.

„Јас сменив фризурата и боја на косата само затоа што се обложив. Брат ми рече дека немам храброст за тоа и тоа пред дербито со Јунајтед. Решив да го докажам тоа и дека можам да го направам. Среќен сум бидејќи фризурата му се допаѓа на мојот син, а бев само скептичен во врска со тоа“, рече Агуеро.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com