Connect with us

Фудбал

Ајакс го исмејуваше Рамос, стигна експресен одговор

Холандскиот тим Ајакс на Твитер со хаштаг #RetroMatchday се присети на една од најголемите победи во последните децении кога на реваншот во осминафиналето од ЛШ минатата сезона во Мадрид дојдоа со голема негатива.

Имено, на свој терен во првиот меч загубија 2:1, но на 5.март ги шокираа „кралевите“ и славеа со големи 4:1 во Мадрид.

Капитенот на Реал, Серхио Рамос не играше на тој меч, туку беше во ложата каде снимаше документарец, а потоа камерата го „улови“ како протестира со крената десна рака поради една судиска одлука.

Ајакс го искористи ова, додавајќи ја фотографијата и напиша дека јунакот на таа победа Душан Тадиќ во идентичен стил го прославува еден од головите за холандскиот тим.

Сепак, малку подоцна Рамос му одговори на Ајакс, на кој му покажа збирка на фотографии со освоени трофеји од ЛШ.