Фудбал
Ајакс подготвува трансфер, им прави проблеми на Ливерпул, Реал и Борусија
Како што пренесува италијанскиот новинар Николо Скира, извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар кој пред неколку дена го продолжи договорот со клубот од Амстердам, е решен на „Јохан Кројф Арена“ да го донесе талентираниот Бразилец Рејнер Жежус од Фламенго.
Овој 17-годишен талент привлече големо внимание на големите европски клубови. Сезонава запиша 12 настапи за Фламенго, постигна четири погодоци.
Ајакс е подготвен да понуди 40 милиони за неговите услуги и тоа да добие само 70 отсто од правата. Интерес има и од Ливерпул, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Од друга страна, пак, Фламенго за него пара околу 70 милиони евра.