Фудбал
Академија Пандев ги започна подготовките за квалификациите во ЛЕ
Сениорите на Академија Пандев вчера ги започнаа подготовките за квалификациите во Лига Европа. Тимот ќе се комплетира во наредните денови поради настапи на неколку фудбалери во У19 и У21 репрезентациите на Македонија.
Првите 10 дена ќе се тренира во Струмица, потоа се оди на подготовки во Банско, Бугарија.
Веќе се закажани и првите пријателски натпревари, на 13ти јуни во Благоевград против Локомотив Пловдив и на 19ти јуни против Берое Стара Загора во Банско – Бугарија.