Фудбал
Акинфеев првпат не прими гол во 11 години во ЛШ
Голманот на ЦСКА Москва за првпат откако брани за рускиот тим во Лигата на шампионите успеа да одигра натпревар на кој не прими гол и тоа во дуелот со Бенфика ккој заврши со победа на „црвеноармејците“ од 2-0.
Акинфеев досега на 42 средби примаше најмалку по еден гол. Во дресот на ЦСКА дебитирал на 16 години и има вкупно 522 средби.