Ракомет
Ако Македонија се пласира на Светско првенство, ќе добијат премија од 50.000 евра
Уште два чекори до ново Светско првенство за македонската ракометна репрезентација. Двомечот против Чешка е последната пречка. Првиот натпревар во Злин е закажан за в среда од 20:15 часот, додека реваншот е на програмата в недела од 19:00 во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Од ракометната федерација стигна и известување дека паричната награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска ќе биде во висина од 50.000 евра нето износ.