Connect with us

Фудбал

Ако се пласира на ЕП, Косово нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ

УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Косово доколку се пласира на Европското првенство нема да може да биде во група со Србија, Русија или БиХ. Косово може да се најде на ЕП ако го освои второто место во својата квалификациска група или преку плејофот во Лига Д од Лигата на нации, каде за ривал ќе ја има и македонската репрезентација. Причините се политички и од безбедносен карактер. И Русите, како и Србите, не ја признаваат независноста на Косово.