Тајмаут
Актерката во филмови за возрасни и се врати на старата љубов во автомобил вреден дури 450.000 евра!
Рене Грејси е првата девојка која се натпреваруваше во австралискиот Куп Карера, учествуваше и на најпрестижната трка на континентот, а потоа нејзината кариера направи пресврт.
Рене Грејси (28) е поранешна возачка на тркачки автомобил, која во отсуство на спонзори и пари решила да направи пресврт во кариерата и да се посвети на снимање филмови за возрасни и споделување фотографии и видеа со интимна содржина.
Сепак, во пролетта оваа година Австралијката и се врати на првата љубов – тркањето. Рене на трката „GT World Challenge Australia“ се натпреваруваше со Audi R8 LMS EVO II, чија цена е 450.000 евра. Сето ова под спонзорство на страницата за возрасни. На првата трка завршила 12-та, а на втората 15-та (од вкупно 16 возачи).
– Ова беше луд викенд. Среќна сум што се враќам на она што сè уште го сакам – изјавила Грејси.
Како 18-годишна, Рене стана првата девојка во историјата на австралискиот Куп Карера, учествуваше и на најпрестижната трка на континентот, „Батурст 1000“, но поради лошите резултати, сопствениците на тимот ја отпуштија.
– Мислам дека ми недостигаше желба, а еден ден сфатив дека не сум толку добар како другите. Немаше резултати, беше невозможно да се најде буџет. Дадов се од себе, но морав да се разделам со сонот и да продолжам понатаму – изјавила Грејси.
На Австралијката и предложиле неколку познаници да отвори сметка на страницата за споделување интимна содржина, што и го направила. Таа се истетовира и ги зголеми градите, што и донесе уште повеќе обожаватели.
– Влегувањето во порнографија е најдобрата одлука во мојот живот. Верувале или не, татко ми знае се и ме поддржува. Заработувам во просек 2.500 долари дневно и до 18.000 долари неделно. Благодарение на овие пари, за една година ќе ја затворам хипотеката, која требаше да ме оптоварува 30 години.