Connect with us

Фудбал

Ал-Келаифи му кажал само еден збор на Мбапе откако лично му кажал дека заминува од ПСЖ

Килијан Мбапе (25) конечно донесе конечна одлука за својата иднина и ги извести челниците на ПСЖ дека го напушта клубот, а таквиот развој на ситуацијата не го изненади првиот човек на клубот. Францускиот напаѓач лично му ја пренел одлуката на претседателот Насер Ал-Келаифи. Двајцата се сретнаа во вторникот и разговараа околу еден час. Француската ѕвезда го увери претседателот на ПСЖ дека се уште нема потпишано со ниту еден тим, но призна дека преговара со Реал Мадрид.

„Очекував!“ беше кусиот одговор кој Насер Ал-Келаифи му го даде на Килијан Мбапе. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Реал Мадрид веќе испратил понуда до Килијан Мбапе, кој може да преговара со кој било клуб бидејќи е во последните шест месеци од договорот со ПСЖ.