Connect with us

Фудбал

Алармот вклучен, само еден жолт им фали на тројца наши репрезентативци за суспензија

Езџан Алиоски, Елиф Елмас и Бобан Николов вечерва на арената Тодор Проески треба да бидат максимално претпазливи бидејќи имаат по еден жолт картон.

Доколку било кој од овие тројца играчи влезе во белешките на португалскиот судија Артур Диаз тоа би значело суспензија за следните натпревари од квалификациите за Светско првенство.

Со нов селектор, поинаков тим од ЕУРО, неколку дебитанти, Македонија вечерва ја пречекува Ерменија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, почетокот е од 20-45 часот.