Ракомет
Алборг со воведна победа во ЛШ
Првиот натпревар го одиграа екипите на Целје и Алборг. Првите бодови ги освои гостинската екипа од Данска која славеше со 31:29 над словенечкиот шампион Целје. Данскиот претставник го контролираше натпреварот во најголемиот тек од него, а последните 15 минути беа одлучувачки за триумфот.
Најефикасен во домашниот тим беше Кљун со шест гола, а Јосип Шарац постигна пет погодоци. Во победничката екипа на Алборг, Магнус Јенсен беше најдобар со седум гола, а Самуелсон постигна пет.