Фудбал
Алегри би бил задоволен и со бод од гостувањето кај Спортинг
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неговиот тим ќе оди на победа вечер на гостувањето кај Спортинг во Лисабон, но додаде дека и со бод ќе биде задоволен.
– Секако дека ќе се обидеме да победиме и да го завериме пласманот во осминафиналето, но и бод од овој дуел не би бил лош резултат. Со реми ќе бидеме на чекор од пласман во следната фаза, рече Алегри.
Посочи дека Спортинг е силен тим, посебно констатацијата се однесува, кога „зелено-белите“ играат на домашен терен.
– Тие во Лисабон ја намачија Барселона. Од друга страна страна ние сме малку изморени поради густиот распоред. Сепак ќе се обидеме да ја постигнеме целта, а тоа ќе може да го направиме ако бидеме на ниво, нагласи Алегри.
Натпреварот од 4.коло во Лигата на шампионите меѓу Спортинг и Јувентус почнува во 20 часот и 45 минути.
По три рунди во Д-групата лидер е Барселона со максимални 9 бода, Јувентус има 6, Спортинг 3, Олимпијакос е без освоен бод.