SPORTM.mk
Алегри ќе се врати во Јувентус, но има неверојатен услов, да се раскине договорот со Роналдо
Јувентус следната сезна ќе има нов тренер, а тоа најверојатно ќе биде Масимилиано Алегри. Сепак, за да се врати во Торино, тој има неверојатно барање. Условот е да се раскине соработката со Кристијано Роналдо. Засега не е познато зошто, но очигледно е дека Алегри мисли дека на Јуве ќе му биде подобро без големата ѕвезда.
Освен Роналдо, Алегри наводно не ги сакал ниту Ремзи, а ниту Рабио.
Инаку, Јуве ја загуби трката за титулата, во моментов не му е сигурен ниту пласманот во ЛШ, а Купот на Италија единствениот терен каде против Аталанта ќе се обиде да освои пехар за утеха и спас на сезоната. Но, што и да се случи, Андреа Пирло ќе биде поранешен.