Connect with us

Фудбал

Алегри: Наполи се уште е еден од главните фаворити за освојување на Скудето

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по минималната победа во дербито на Серија А (1:0) над Наполи, смета дека „наполитанците“ се уште се прв фаворит за шампионскиот трофеј.

 Дербито беше добар тест за нас. Одигравме добро прво полувреме, Наполи во вториот дел имаше посед на топката и изврши притисок. Сега сме на еден бод зад Наполи, што е добар резултат, но сега треба да погледнеме напред и да размислиме за натпреварот во Лигата на шампионите што го играме во вторник. Мора да го пофалам Наполи, кој одигра добро и потврди дека се уште е еден од главните фаворити за освојување на Скудето, додаде тренерот на Старата дама.

Во Серија А, лидер е Наполи со еден бод повеќе од Јувентус и два од Интер кој пак утре треба да го одигра својот дуел од 15. коло.