Фудбал
Алегри: „Против Милан, истото ќе ни се случи како со Лацио“
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, не беше задоволен од играта на својот тим, иако во средината на вечерта тие беа убедливи против СПАЛ со резултат од 4:1 .
Стрелци за”Старата дама” беа Бернардески, Дибала, Игуаин и Квадрадо, а чесниот гол за новиот прволигаш беше постигнат од страна на искусниот Палоски.
И покрај победата, Алегри воопшто не беше задоволен бидејќи ги очекуваат дерби меч против Милан во сабота. Според неговите зборови, многу е можно неговиот тим да игра лошо како со Лацио.
Се надевам дека ова ќе ми биде последен пат да го фрлам палтото на терен. Момците се добри но мораат да бидат повнимателни. Се можеше да се случи, да дојдеше до 2:2. Не можете да си дозволите да ви се случи тоа против поголемите клубови, и самите сте свесни што ни се случи на мечот со Лацио кога не личевме на себеси.
Мораме да ја пронајдеме вистинската игра , во спротивно, ќе биде тешко да се освои титулата. По водството од 2:0 направивме три грешки една по друга а Спал ја презеде контролата над топката што е недозволливо.