Фудбал
Александар Трајковски слави роденден, плус мотив за денешна победа над Исланд
Македонските репрезентативци имаат мотив плус за денешна победа над Исланд. Првин победа на Исланд, а потоа дупло славје бидејќи на нашиот репрезентативец Александар Трајковски денеска му е роденден.
Тој денеска ќе наполни 29 години.
Трајковски, кој од пред неколку денови е нов член на Алборг од Данска, во дресот на сениорската репрезентација на Македонија има постигнато 18 погодоци од 65 одиграни натпревари. Тој за прв пат срелаше во 2013 година на пријателски меч против Бугарија. Средбата меѓу Исланд и Македонија се игра денеска со почеток од 18:00 часот по Средноевропско време. Да се надеваме дека нашиот напаѓач ќе додаде уште некој погодок на своето репрезентативно конто.