Connect with us

Фудбал

Алексис Санчез: Се чувствувам како лав во кафез

Херојот на Интер, Алексис Санчез изјави дека се чувствува како лав во кафез и се надева дека ќе добие поголема минутажа. Чилеанецот влезе како резерва и го постигна победничкиот гол за Интер на пет секунди пред крајот на продолженијата за победа од 2-1 над Јувентус во мечот за Суперкупот на Италија.

„Во добра форма сум и очекував да играм повеќе, но тренерот така одлучи. Гладен сум за успех и чувствував дека ќе го освоиме трофејот. Претходно кажав дека не играм редовно се чувствувам како лав во кафез“, рече Санчез пред Sport Mediaset.

Реклама

Facebook

Реклама