Connect with us

Фудбал

Алфонсо Дејвис се надева дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис им се заблагодари на навивачите на тимот за поддршката и рече дека се надева дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро по проблемите со срцето кои беа идентификувани како резултат на коронавирусот. На 21-годишниот Дејвис му беше дијагностициран миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.

Според главниот тренер на Баерн, Џулијан Нагелсман, играчот ќе биде надвор од терените најмалку четири недели.

„Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта што ми ја покажувате. Едвај чекам да се вратам на теренот и да го работам тоа што го сакам“, изјави Алфонсо Дејвис на Инстаграм.