Connect with us

Фудбал

Алиоски и Тричковски „откажаа“, повик доби Костадинов од Ружемберог

Македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за последните два квалификациски натпревари против Австрија (16. ноември) и Израел (19. ноември) од циклусот за пласман на ЕП 2020.

Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми околу составот, бидејќи Езџан Алиоски поради повреда нема да биде дел од тимот, а извесно е дека и Иван Тричковски поради повреда тешко дека ќе може да се стави на располагање. Дополнителен повик доби Тихомир Костадинов од словачки Ружомберог.

-Алиоски дефинитивно отпадна, Тричковски правеше прегледи. Дополнително е повикан Костадинов. Дарко Велковски и Стефан Ристовски доаѓаат дефинитивно, па потоа ќе видиме колку и дали можат. Исто така Муслиу, Несторовски и Николов се тука кои немаат право да играат со Австрија. Најпрво би сакал да можат да настапат и Спировски и Велковски. Не размислувам сега за викање на друг играч. Дефанзивци не ни има премногу во нашиот фудбал. Зајков, Младеновски, Тошевски и Ристевски, тоа е се играчите од кои може да се направи дефанзивна четворка. Адеми има пукнатина на стопалото и мора да паузира, изјави селекторот Ангеловски.