Connect with us

Фудбал

Алиоски: Сите мислеа дека среќно поминавме на ЕП, но покажавме дека не е така

Езџан Алиоски со првиот погодок направи најава на совршената ноќ во арената „Тодор Проевски“, Тој изјави дека успехот кој го постигнавме не е случааен и дека оваа екипа има квалитет:

„Ние го знаевме нашиот квалитет, сите мислеа дека среќно игравме на ЕП, но сега покажавме пак дека сме силни. Ќе играме бараж за СП 2022, па зошто да не одиме во Катар? Одиме чекор по чекор, многу работи се сменија во оваа репрезентација на подобро. Наше е да играме, ја имаме најдобрата организација и тоа е нешто што фалеше пред шест-седум години. Во баражот ќе биде тешко, но мора да веруваме на нашиот тим“, изјави Алиоски.

Видео од прес конференцијата:

Реклама

Facebook

Реклама