Тајмаут
,,Алкалоид” со подарок за деца на вработени во компанијата – Обезбедено учество за ракометниот камп „KL7“
Во насока на промовирање на спортските вредности од најрана возраст, а по повод 5-годишниот јубилеј од постоењето на детскиот ракометен камп основан од нашиот најдобар ракометен репрезентативец Кирил Лазаров „KL7“, „Алкалоид АД“ Скопје како поддржувач на оваа спортско-едукативна иницијатива уште од самиот почеток, обезбеди 5 места за деца на вработени во компанијата.
Се лекцијата на деца се изврши по пат на извлекување, кое на 10-ти јуни 2019 година беше спроведено во просториите на Компанијата.
Капитенот Лазаров, јавно и транспарентно ги извлече децата на Алкалоидовци кои ќе заминат на летниот ракометен камп „KL7“.
Тоа се:
1. Драган Даскалов;
2. Тамара Петковска;
3. Марко Димитров;
4. Марија Костадиновска;
5. Јана Костадиновска.
Петте места кои се обезбедени за деца на нашите вработени се однесуваат на втората смена од кампот, од 25 јуни до 1 јули 2019 година.
Со огромна ракометна кариера и со исклучителен тим на ракометни професионалци, врвни домашни и странски експерти, меѓу кои и самиот Лазаров, кампот „KL7“ нуди одлични услови за камперите во кои спаѓаат подготвени терени, обезбедена опрема, организирана храна, превоз, тренинзи и секојдневните дружења преку заеднички активности.
Соединувајќи го компаниското мото „ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЀ“ и мисијата на ракометната школа „KL7“, целта на „Алкалоид“ е да се поттикне здрав начин на живот преку практикување спорт, здрава исхрана и здрави навики кај децата уште од рана возраст.
Како компанија која човечкиот капитал го позиционира на врвот на својата деловна агенда, „Алкалоид“ и во деветтата деценија од своето постоење, останува фокусиран на вработените кои се еден од клучните столбови на алкалоидовата успешна приказна.