Фудбал
Алонсо: Не мора да гледаме на табелата
Дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо го коментираше поразот со 0-1 од лидерот Манчестер Сити во мечот од 22. коло во саботата, со што разликата меѓу двата тима во поредокот стана 13 бода.
“Тоа е разочарувачки. Ова можеби беше нашата последна шанса да останеме во трката за титулата. Се разбира, ќе продолжиме да се обидуваме се додека има математичка шанса, но ќе биде многу тешко”, изјави Шпанецот за официјалниот сајт на Челзи.
Сега треба да размислуваме за нашиот следен натпревар против Брајтон, да победиме, да продолжиме сериозно да тренираме и да не гледаме на пласманот“, додаде Маркос Алонсо.
„Имавме свои шанси на натпреварот со Манчестер Сити, но ни недостигаше нешто во последната фаза да постигнеме гол. Можевме да постигнеме гол за 1-0 и не бевме толку далеку од тоа да земеме барем бод од натпреварот. заклучи тој.