Connect with us

Ракомет

Алушовски: Тажен сум за поразот, но среќен сум што се движиме во добра насока (ВИДЕО)

Тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски по мечот и поразот од ПИК Сегед со 28:26 изјави дека е тажен поради поразот. Сепак им честита на играчите за играта и како што вели тој, тимот се движи во добра насока.

-Нијанси го решија победникот на крајот на дуелот. Мора да кажам дека сум тажен поради поразот, ама среќен сум затоа што се движиме во добра насока со тимот. Пик Сегед е феноменална екипа која секоја година се бори за Ф4, изјави тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.