Connect with us

Ракомет

Алушовски: Ја креваме формата за најважниот дел од сезоната

Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар 1961 Стевче Алушовски изрази задоволство од триумфот на Мотор (32:27) во регионалната СЕХА лига, оценувајќи оти тимот ја крева формата во најважниот дел од сезоната.

„Моите играчи ја заслужија победата, бидејќи во текот на целиот натпревар бевме подобар тим од Мотор. Нè чека борба на четири фронта и затоа мора да ја кренеме формата од натпревар во натпревар. Пред нас е најважниот дел од сезоната. Имаме проблеми со ростерот поради кратката ротација, но се трудиме на најдобар можен начин тоа го компензираме со игра ’седум на шест‘“, изјави Алушовски.

-Покажавме карактер и докажавме дека Вардар никогаш не смее да се отпише. Вардар има квалитет, Макотрпно работиме и се надевам на уште подобри игри во претстојниот дел од сезоната, додаде тренерот на Вардар.