Ракомет
Алушовски: Нема да биде лесно против Татран Прешов
Во рамките на ЛШ во недела во 17:00 часот, Еурофарм Работник игра против шампионот на Словачка Татран Прешов. Тренерот на битолскиот тим Стевче Алушовски вели дека верува дека неговиот тим ќе се радува на уште една победа.
Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, интернационалци од Шпанија, Хрватска…Секоја година играат во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и сигурно нивната вистинска сила не е местото на табелата во нашата група. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно, изјави Алушовски.
Алушовски вели дека неизвесни за неделниот натпревар се Јотиќ и Стјепановиќ , но додава дека без секого се може и се мора.