Ракомет
Алушовски задоволен од победата, но жали што не е со поголема разлика
РК Вардар 1961 го прегази Еурофарм Пелистер со 35:27, а веројатно го одигра најдобриот меч сезонава под водство на тренерот Стевче Алушовски. Тренерот на „црвено-црните“ е задоволен од победата, но сепак како што вели, жали што триумфот не е изразен со поголема гол разлика.
-Бевме извонредни особено во одбрана. Мислам дека крајниот резултат не е вистински одраз за тоа што се случуваше на теренот. Жалам што не победивме со поголема разлика, но што е тука е. Некој да ни понудеше осум разлика пред мечот сигурно ќе прифатевме со две раце. Честитки до моите ракометари за пожртвуваноста, борбеноста и карактерот кој што го покажаа по којзнае кој пат оваа сезона, изјави Алушовски.