Connect with us

Кошарка

Американецот Ерон Харис е новиот кошаркар на МЗТ Скопје

Бековската линија на МЗТ Скопје Аеродром од денеска е засилена со Американецот Ерон Харис кој потпиша договор со МЗТ до крајот на сезоната.

26-годишниот кошаркар универзитетската кариера ја минал на два престижни универзитети, Вест Вирџинија и пред сѐ Мичиган стејт, каде што работел со еден од најеминентните тренери во САД, Том Изо. Ерон потоа кариерата ја продолжил во Џи-лигата каде го носел дресот на Висконсин херд, а минатата сезона ја одиграл во Финска во екипата на Тамперен Пиринто.

Харис нема да има проблем да се вклопи на теренот заедно со сонародникот Џабари Хиндс, со оглед што двајцата одиграа две сезони како соиграчи во Вест Вирџинија универзитетот. Тој сигурно нема да биде во тимот за задутрешниот меч со Сплит, а се очекува да пристигне во Скопје во текот на претстојната недела.

МЗТ Скопје покрај ова, бара уште едно засилување кое би било замена за Нуни Омот, кој мораше да замине во САД поради семејни проблеми.