Connect with us

Фудбал

Американски тим подготвува рекордна понуда за капитенот на Наполи

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње се уште нема потпишано нов договор со клубот и неколку тимови ја следат неговата ситуација бидејќи следното лето ќе стане слободен агент. Италијанскиот плејмејкер веќе ја отфрли најновата понуда која би му овозможила да заработува 4,6 милиони евра по сезона. Сепак, тој сака награда од речиси 7 милиони евра.

Италијанскиот шампион Интер е заинтересиран за Инсиње, но понудата не е блиску до онаа што ја испрати Американецот Торонто. Пред неколку недели агентот на капитенот на Наполи, Винченцо Писакане го одби евентуалниот трансфер на неговиот клиент во МЛС бидејќи европскиот шампион сака да остане во Италија.

Според новинарот од Нешвил, Вил Форбс, Торонто упатил сериозна понуда до Инсиње и неговиот агент, која би била рекордер во американското првенство. Форбс пишува дека има големи шанси италијанскиот плејмејкер да ја прифати понудата и да се приклучи на тимот од Канада на лето.

Изданието истакнува дека понудата на Торонто е поголема од онаа на Себастијан Џовинко од 2015 година, кога тој беше играч на Јувентус. Се очекува тимот од МЛС да се раздели со поранешниот напаѓач на Сандерленд, Џози Алтидор и клубот веќе бара негова замена.