Фудбал
Американците едвај ја победија земјата која има 160.000 жители (Видео)

Репрезентацијата на САД се пласираше во полуфиналето на Голд Купот, откако рано утрово минимално со 1:0 ја победија селекцијата на Курасао. Американците беа големи фаворити пред мечот, играа на свој терен во Филаделфија, но тимот кој прв пат играше во нокаут фазата, не се предаде лесно.
Вестон Меккени кој игра во германскиот бундеслигаш Шалке, во 25 минута го даде единствниот погодок вреден пласман полуфинале на САД.
Курасао која е островска земја со само 160.000 жители, покажа дека има фудбалски потенцијал. Иако беа аутсајдери на овој меч, тие имаа поголем посед на топката, упатија повеќе шутеви кон противничкиот гол, изведоа повеќе корнери, но едноставно немаа среќа да погодат и да направат изненадување. Едноставно беа подобар тим против земјата која има популација од околу 330 милиони жители.
Во полуфиналето САД ќе игра против Јамајка, која претходно со идентични 1-0 ја елиминираше Панама, додека во второто полуфинале ќе играат Хаити и Мексико.
.
Извор: Sportmanija.mk