Фудбал
Американците се заинтересирани за купување на Интер
Италијанскиот весник „Ил Џорнале“ повторно ги поттикна шпекулациите дека „Сунинг“ планира да го продаде Интер, бидејќи постои интерес од американска компанија или да дојде како целосен сопственик на клубот или да стане инвеститор како малцински сопственик. Според информациите, конзорциум од САД веќе е во активни преговори со кинескиот сопственик на Нероаѕурите.
Ова е најновата во низата шпекулации дека семејството Жан планира да го продаде Интер по финансиските проблеми на нивните компании во Кина, но официјално немаат таква намера.
Жан во минатото изјави дека не сака да го продаде италијанскиот гигант, но сега ситуацијата е променета. Нему му се суди во родната земја и може да оди во затвор, па затоа треба што е можно поскоро да ги врати долговите што неговите компании ги направија за време на кризата со коронавирус. Една од компаниите на Кинезите преку која го контролира Интер, „Гранд Тауер Сарл“, на почетокот на март мора да плати рата од 275 милиони евра на заем земен од американски фондови, што може само да го забрза процесот на продажба.
Иако „Il Giornale“ не даваат многу детали за потенцијалниот договор, велат дека работите ќе станат појасни во следните две недели кога ќе излезе извештајот на Goldman Sachs и Rain Group за потенцијалните инвеститори во клубот.
Весникот додава дека „Сунинг“ се подготвени да го продадат клубот за 1,2 милијарди евра, колку што „Редбрд“ плати за градскиот ривал Милан минатото лето.