Connect with us

Ракомет

АНАЛИЗА на SPORTM.mk: До каде ќе стигне Македонија на претстојното ракометно првенство?

Македонската ракометна репрезентација по шести пат успеа да обезбеди учество на светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Германија и Данска.

Нашата репрезентација се наоѓа во групата Б каде ќе ги одмери силите со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Екипата на SPORTM.mk направи една интересна анализа за противниците на Македонија во групната фаза и за тоа какви и колкави се нашите шанси на ова светско првенство.

На почетокот да погледнеме колку се „редовни“ нашите противници на Светските првенства.

Репрезентација Учества Година
Шпанија 20 1958, 1974, 1978, 1982, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017, 2019
Исланд 20 1958, 1961, 1964, 1970, 1974, 1978, 1986, 1990, 1993, 1995, 1997, 2001, 2003, 2005, 2007, 2011, 2013, 2015, 2017, 2019
Јапонија 15 1961, 1964, 1967, 1970, 1974, 1978, 1982, 1990, 1995, 1997, 2005, 2011, 2017, 2019
Хрватска 13 1995, 1997, 1999, 2001, 2003, 2005, 2007, 2009, 2011, 2013, 2015, 2017, 2019
Македонија 6 1999, 2009, 2013, 2015, 2017, 2019
Бахреин 3 2011, 2017, 2019

А сега да го погледнеме распоредот на натпревари на нашата репрезентација.

Датум Време Натпревар
11.01.2019 15:00 Македонија – Јапонија
13.01.2019 14:00 Македонија – Бахреин
14.01.2019 18:00 Македонија – Хрватска
16.01.2019 20:30 Македонија – Шпанија
17.01.2019 18:00 Македонија – Исланд

Какви се нашите шанси?

Доколку ја гледаме само нашата група, според квотите кои се движат во обложувалниците, најголеми шанси за освојување на Светското првенство има Шпанија (8.50), потоа следува Хрватска (17.00), Македонија (201.00), Исланд (500.00), Бахреин (2500.00) и Јапонија (5000.00). Според ова распоредот во нашата група би бил следен:

  1. Шпанија
  2. Хрватска
  3. Македонија
  4. Исланд
  5. Бахреин
  6. Јапонија

Со ваквиот распоред Македонија обезбедува место во следната фаза од Светското првенство како трето пласирана екипа во групата Б

Победа или пораз?

Македонија во својата група го има актуелниот европски шампион Шпанија. Покрај тоа Шпанија има освоено и две светски титули (2005. и 2013. година). Но, не смееме да ја заборавиме и Хрватска која исто така има златен медал од Светското првенство во 2003. година.

Првиот натпревар нашата репрезентација го игра против Јапонија. Во овој натпревар Македонија е апсолутен фаворит. Квотите во обложувалниците го покажуваат тоа, 1.20 за победа на Македонија наспроти 6.50 за победа на Јапонија. Македонија од овој натпревар заминува со „полн плен“.

И на вториот натпревар нашата репрезентација би требало да издвојува победа без поголеми потешкотии. Бахреин е репрезентацијата со најмал број на учества на Светските првенства во нашата група, но сепак треба да бидеме внимателни.

Во третиот натпревар Македонија ќе ги одмери силите со Хрватска. Статистиката тука не оди во наша полза. Сите досегашни меѓусебни дуели му припаднаа на Хрватска. Во овој натпревар треба особено да бидеме внимателни, да го извлечеме максимумот и да се надеваме на првата победа во меѓусебните дуели.

По дводневната пауза Македонија ќе се судри со Европскиот шампион. И тука статистиката не оди во наша полза. Од пет одиграни натпревари Шпанија издвојува победа на сите пет. Реално тука нема што да бараме, но останува оптимизмот дека може да направи чуда и да го изненади противникот.

Последниот натпревар од групната фаза Македонија ќе игра против Исланд. Тука треба да одиграме перфектен натпревар без грешки, но и да ги искористиме грешките на противникот. Доколку изгубиме од Хрватска и од Шпанија, победиме со Јапонија и Бахреин, а истото така да изигра и Исланд, ова ќе биде натпревар за борба за третото место на табелата кое води во следната фаза од Светското првенство. Во седумте меѓусебни дуели Исланд излезе како победник на пет натпревари, Македонија на еден и еден натпревар одигравме нерешено. Но кога ќе се земат предвид квотите во обложувалниците Македонија има нешто поголеми шанси за победа на овој натпревар.

Сепак, ова е спорт, а тука никој не може со сигурност да каже кој кого ќе победи и кој од кого ќе изгуби. Покрај вештината, добрата игра, тактичката и физичката подготвеност сепак потребна е и малку среќа за победа.

Среќно момци!

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com