Connect with us

Тајмаут

Анамарија на Дончиќ блесна во тесни кожени панталони (ФОТО)

Синоќа во Кливленд се одигра НБА Ол-стар натпреварот.

На едно место се сретнаа голем број ѕвезди, а победата му припадна на тимот на Леброн Џејмс кој славеше со 163:160 против тимот предводен од Кевин Дурент.

За МВП на натпреварот беше прогласен Стеф Кари, кој постигна 50 поени. Најдобриот шутер на денешницата погоди и 16 тројки што е нов рекорд.

За победничкиот тим настапи Лука Дончиќ со скромен учинок од осум поени, а Словенецот имаше поддршка од трибините во форма на убавата и згодна девојка Анемарија Голтес.

Анамарија повторно воодушеви со својата облека, а на Инстаграм објави две фотографии од настанот во Кливленд. Таа носеше навивачка јакна со број 77 на грбот и словенечко знаме на ракавот и кожени панталони кои најдобро покажаа со што располага оваа млада жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANAMARIA (@anamariagoltes)

Словенечката манекенка е ѕвезда на Инстаграм и инфлуенсерка која на таа социјална мрежа ја следат 147 илјади луѓе. Со Дончиќ стапила во врска на 18 години, а го запознала на 12 и кога била и повисока од него.

Таа е многу успешна девојка која живее со Лук во САД, а од манекенството заработува околу милион долари годишно.

Со оглед на тоа што заработува Лука, тоа е вистинска ситница, но едно е сигурно – за нив двајца нема кризи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANAMARIA (@anamariagoltes)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANAMARIA (@anamariagoltes)