Фудбал
Анажиран читач од усни, еве ја вербалната пресметка на Стерлинг и Гомез
Англиските медиуми се уште се занимаваат со инцидентот кој се случи на мечот Ливерпул – Манчестер Сити. Кавгата помеѓу Стерлинг и Џо Гомез продолжи и по дербито, а се прошири и на тренингот на репрезентацијата на Англија, поради што селекторот Саутгејт мораше да реагира и го суспендираше Стерлинг.
„Дејли Мирор“ дури и ангажираше т.н читач од усни за да дознаат што точно си дофрлувале двајцата фудбалери при нивниот конфликт за време на мечот.
Според истот медиум ова е нивната вербална „пресмета“.
Стерлинг: Немој да се зае****ш со мене Џо. Немој да се зае****ш со мене.
Гомез: Само, дојди, само дојди!