Connect with us

Фудбал

Анчелоти добил ултиматум од Де Лаурентис, две победи по ред или отказ

Наполи на последните шест меча во Серие А има само една победа, четири нерешени средби и еден пораз. Тоа е причината поради која овој тим падна на 7.место на табелата и има 19 бодови, со што го загуби „здивот“ во трката со Јувентус и Интер.

Токму поради лошите резултати, атмосферата во Наполи е на катастрофално ниво. Фудбалерите и тренерот Анчелоти влегоа во конфликт со првиот човек Де Лаурентис. Тој бараше да бидат во карантин, тие не го послушаа, па следуваа парични казни и најави за трансфери.

Италијанските медиуми пишуваат дека и тренерот Анчелоти добил ултиматум од Де Лаурентис. Доколку Наполи не победи на следните два меча, на гости кај Милан и Болоња дома, тогаш шансите да остане Анчелоти на клупата се минимални.

Но, што и да се случи, Анчелоти нема да остане подолго од јануари на клупата на тимот.