Фудбал
Анчелоти го носи најдоброто од Наполи
Новиот тренер на Евертон, Карло Анчелоти ќе се обиде да ги ангажира најдобрите фудбалери од Наполи. Првиот е Дрес Мертенс чиј договор истекува во јуни следната година, а се уште нема преговори за нов, па веројатно Наполи ќе се обиде да го продаде во јануари да заработи нешто, за да не ризикува во летниот преоден рок да замине без пари.
Вториот е Лоренцо Инсиње. Според информациите од Англија, за овој фудбалер Анчелоти планира да потроши поголема сума на пари. Се спомнуваат 60 милиони евра. По случувањата во Наполи, тој е еден од фудбалерите кои ги бојкотираа наредбите за карантин на Де Лаурентис, па се спомнуваше како еден од оние играчи кои ќе бидат продадени.