Connect with us

Фудбал

Анчелоти го објасни спорот со Пике

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го разјасни спорот со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике за време на полуфиналето од шпанскиот Суперкуп. „Кралевите“ победија со 3:2 и го чекаат противникот во финалето кое е оваа недела.

„Бев многу лут на Пике. Му реков да ја допре топката кога Винисиус се повреди, како што направивме во слична ситуација во првото полувреме.

Меѓутоа, тој ми рече дека тие никогаш не го прават тоа. Одговорив дека не знам и е готово“, објасни Анчелоти.