Фудбал
Анчелоти: Одигравме еден од нашите најдобри натпревари во сезоната
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше задоволен од играта на неговиот тим и покрај ремито 0-0 против Реал Сосиедад во натпревар од Ла Лига. Италијанецот го опиша настапот на неговите играчи како „еден од најдобрите од почетокот на сезоната“. Според него, среќата едноставно им го свртела грбот.
„Штета што не победивме бидејќи одигравме многу добро и заслуживме да победиме. Одигравме силен натпревар, еден од нашите најдобри во сезоната, но немавме среќа“, изјави Анчелоти.
„Тимот се подобрува и расте. Физички сме многу подобри. Повредените почнаа да се враќаат и имаме доверба за наредните месеци. Постапивме многу добро играјќи со и без топка. Сè што требаше да направиме е да постигнеме гол, бевме толку блиску, но не успеавме. Среќен сум затоа што тимот одигра многу добро“, додаде тој, цитиран од Marca.
По ремито, Реал Мадрид заостанува пет бода зад Барселона. Реал Сосиедад, пак, е во топ 4 и самоуверено чекори кон квота во Лигата на шампионите.